Top
neutralna-spalna-soba

Како да привлечете среќа во домот?

Правилата на Фенг Шуи помагаат да се привлече позитивна енергија, среќата, парите и љубовта во нашиот дом. За да може среќата да влезе во нашиот дом, потребно е да се воспостави рамнотежа помеѓу нашиот живот и нашиот простор за живеење, бидејќи енергијата во нашиот дом се рефлектира врз нас и обратно.

Со цел да го направиме нашиот дом извор на среќа и на тој начин да постигнеме успех на секое поле во животот, треба да ги следиме следниве правила на Фенг Шуи.

Уредете го ходникот
Ходникот е просторија, која се однесува на нови животни прилики, затоа обидете се да не биде затрупан со непотребни работи, за да може енергијата да циркулира слободно. Чувајте ги работите во плакар а чевлите во чевларник. Оставете слободен простор во ходникот, поставете огледало и свежо цвеќе, бидејќи токму свежото цвеќе и огледалото го подигнуваат нивото на позитивна енергија во кој било простор.

Обрнете внимание на изгледот на елементите на кујната
Кујната е простор што влијае на виталната енергија, простор во кој се судираат вода и пожар, така што не треба да имате судир на мијалникот и шпоретот, не треба да се постаевни еден карши друг. Како по правило, тие треба да стојат на иста страна и треба да изберете нежни бои за кујната, така што енергијата во вашиот дом ќе е смирувачка и ќе се избегнат конфликти со партнерот.

Хармонична дневна соба
Важно е уредувањето на мебелот во дневната соба да биде хармонично и да бидете сигурни дека просторот во кој поминувате најмногу време не е пренатрупан, затоа што на тој начин ја гушите енергијата.

Неутрални бои во спалната соба
За да бидете мирни и позитивни секое утро, вашата спална соба треба да биде светла и во смирувачка боја. Поставете масички покрај креветот за да ја подобрите поддршката што ја добивате и ја давате на вашиот партнер. За засилени страсти, важно е да ја збогатите просторијата со миризливи свеќи.

Дворот мора да биде среден
Ако имате двор, обидете се секогаш да го одржувате уреден, бидејќи според Фенг Шуи тоа ја симболизира вашата иднина, истото важи и за уредување на балконот, ако сакате светла иднина, посветете му дополнително внимание.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>