Top
Optimizirani_troshoci_za_svadba_iLike_mk

Како да ги намалите свадбените трошоци?

Го кажавте судбоносното „ДА“, па сега ви преостанува да ги испланирате свадбените активности. Сите невести сонуваат за совршена свадбена прослава со прекрасна храна, многу цвеќе, раскошен декор и скап шампањ, но ретко кој може да си го дозволи тоа.

Со останатите трошоци околу вашиот најважен ден во животот, како што се изнајмување на просторот за прославата, прстените, музиката и невестинскиот фустан, можеби ќе бидете принудени да одберете финансиски поприфатливи порции за оброкот на вашите гости.

Но, како најумешно да го направите тоа?

ОДБЕРЕТЕ ХРАНА СПОРЕД СЕЗОНАТА
Менито нека биде составено од сезонска храна. На тој начин ќе имате убава храна, нема да биде премногу скапо, а сепак вашите гости ќе бидат задоволни.

НЕ НАРАЧУВАЈТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕСЕРТИ
На крајот на прославата, доволен десерт е свадбената торта. Никој од вашите гости, после обилната вечера или убавиот коктел, нема да ви забележи зошто немало и друг десерт. Веројатно, ретко кој ќе ја проба дури и вашата свадбена торта.

Optimizirani_troshoci_za_svadba_2_iLike_mk

Доколку се решите и за прослава со помладите во некое кафуле, откажете се од малите шотови и закуски. На тој начин секој ќе го нарача пијалакот кој го сака, а вие нема да имате дополнителни трошоци.

За најмалите гости, доколку не сакате да додавате друго мени, во ордеверот вклучете нешто што го сакаат децата. Тие сигурно нема да го јадат динстаното телешко месо или свинското месо во сос од сливи кои ќе бидат сервирани како главно јадење.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>