Top

Јас, тишината и осаменоста

Тишината ја краси темнината која бесрамно ја исполнува мојата соба. Заедно со мене
таа чека нешто. Ги чека ѕвездите да ја избркаат темнината. Седи до мене на другиот
стол, седиме заедно пред прозорецот. Ја бараме Mесечината. Потребно ни е нејзиното
лице, потребна ни е и на двете за да го раздроби мразот насобран на секој ќош од
тажната соба. Каде е?Очајни сме, ја бараме, ги бараме и ѕвездите и Mесечината. Ги
нема. Одеднаш небото пушти нешто. Нешто ситно. Нешто бело. Ах, снег. Уште тој фалеше
да го истакне сивилото надвор. Тивка ноќ, празни улици, исушени дрвја и студенило
кое опустошува. Некое скитничко куче таму некаде во далечината беспомошно лае, но
набргу исчезнува. Останувам јас во мојата мрачна соба, но не сум сама. Со мене е и
тишината.Гледаме нагоре, замрзнатото стакло и неговите кристали не ни пречат во
исчекувањето. Каде се ѕвездите? А Mесечината? Нечиј тропот ме прекинува. Од очите на
тишината се чита доаѓањето на сомнежот. Тропа осаменоста. Добредојде, влези, седни
на оној стол. Сега сме комплетни. Сите сме изморени, разочарани и тажни, но се уште
чуваме капка надеж. Доволно е. Сега заедно ги чекаме ѕвездите и месечината, јас,
тишината и осаменоста.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Јас, тишината и осаменоста“: Викторија Ристова

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>