Top

Доволно луд, за да ме сакаш

Понекогаш ниту долгите летни празни осамени ноќи не можеа да ја расплачат, друг пат, пак, сончевите зраци, не од нивната светлина, вадат солзи на нејзините очи. Се радува на секоја широчина која што ќе се појави пред неа како штотуку слободата да ѝ ја ставиле на дланка, а друг пат, пак, четирите тесни ѕида имаат сè што ѝ е потребно.

Не можеш, не можеш да ме скротиш, ниту да ме промениш, можеш да ме сакаш мене, само мене, не онаа јас која што трча низ слободата не гледајќи околу, ниту пак онаа јас којашто те љуби гледајќи те директно во очи, најискрено. Заљуби се во мене, само во мене, во онаа која што моментално ти ги подарува сите нејзини зборови, заљуби се во неа и обиди се да ја држиш за рацете секој пат кога ќе потрча и ќе падне, секој пат кога мирно стои до тебе… сакај ме само кога лудилото ми го обзема целото тело и тогаш кога во мене не се слуша никаков глас.

Можеше да му пишува со денови, со месеци, со години, истите зборови, истото писмо секој пат пловеше во морето, некогаш само во мислите, некогаш само низ ветровите, никогаш не стигаше до него.

Треба да си луд за да ме сакаш, храбар, но мојата љубов ти го подарува животот, лудо и најсмирено, сакам така да ме паметиш, така да ме сакаш, порано, сега, и засекогаш. Така ќе те љубам и јас!“.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Доволно луд, за да ме сакаш“: Симона Николоска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>