Top
prva_godina_brak

Добрите и лошите страни во првата година од бракот

Во првата година од бракот многу нешта се менуваат. Првата година од бракот е исполнета со многу изненадувања, некои добри, некои лоши и кога ќе помине, тогаш ќе ги разберете сите нешта кои вашите пријатели и вашата фамилија сакале да ви ги кажат.

Добри нешта
• Секогаш имате рамо за плачење кое ќе ве сослуша и на кое може да се потпрете после тежок ден на работа.
• Ако двајцата си ги сакате пријателите и семејството на другиот, тогаш вашиот социјален круг постојано ќе расте. Исто така, тоа е одличен начин како да ги споите обете фамилии и пријатели.
• Иако сте биле долги години во врска, сепак учите нови нешта за личноста со која сте во брак.
• Во првите години од бракот, ако немате деца имате повеќе приходи кои можете да ги потрошите онака како што сакате.
• Можете да се забавувате дома на разни начини.
• Ги делите домашните обврски.
• Обрнувате повеќе внимание на вашата иднина и однапред правите планови за годините што следат.

Лоши нешта
• Трошите двојно повеќе пари на родендени и празници затоа што одите и кај вашите, но и кај неговите/нејзините роднини или пријатели.
• Треба да се откажете од некои домашни традиции за да ги прифатите неговите.
• Треба да се консултирате со партнерот за сите финансиски прашања, иако со години сте биле одговорни за вашите сопствени финансии.
• Не се грижите само за вашето здравје туку и за од партнерот. Кога тој/таа е болен/а вашиот живот се превртува наопаку, а истото важи за родителите, а и за браќата и сестрите.
• Кога ја планирате иднината тоа значи дека треба да штедите пари, а ако двајцата имате скапи хобија компромисот ќе ви е и повеќе од потребен.
• Двојно повеќе алишта за перење. Двојно повеќе ѓубре. Двојно поголем хаос.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *