Детето е радост и благослов на родителите, но многумина од нив, во трка со времето, не му посветуваат доволно време и внимание. Времето поминува многу брзо, а децата многу брзо растат. Подарувајте му ги на вашето дете секојдневно овие неколку знаци на внимание за тоа да се чувствува многу посреќно, полно со љубов и посигурно. И вие бидете најдобри родители на своето дете така што ќе ги преминувате следниве неколку совети. Ветете си самите на себе дека ќе го направите тоа.
• Легнете и покријте се со неговото ќебенце во креветот, галете го, пејте му песничка за спиење или раскажете му некоја приказна.
• Цени го она што детето го прави за тебе.
• Покажи му колку ти недостигало тој ден и колку си среќна што го гледаш.
• Прашај го детето за совет и слушај го внимателно.
• Направи му го неговото омилено јадење.
• Гледајте заедно цртани филмови.
• Играјте си заедно.
• Прашајте го како му поминал денот.
• Покажете му колку го сакате.
• Тргни му ја тагата и подари му радост.
• Дозволи му да донесе сопствена одлука.
• Дисциплинирај го со љубов.
• Подари му некое мало изненадување.
• Гушкај го и бакнувај го секој ден.
• Кажи му колку си горда на него.
• Бакнувај го и гушкај го секој ден.
• Кажи му колку е прекрасен, силен, паметен, храбар, убав, така ќе му ја изградиш самодовербата.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!