Top
pssst-ilike-mk

Брачни тајни кои не смеете да им ги кажете на пријателите

Постојат некои моменти од брачниот живот кои треба да ги знаете само вие, иако убаво е да се има пријател на кој можете да ја доверите секоја своја тајна и со кој можете да споделите сè. За доброто на бракот, некои брачни моменти треба да останат само за вас и вашиот животен сопатник.

СЕ ОДНЕСУВА НЕСОВЕСНО
Можеби понекогаш сопругот ве излудува, но вашата пријателка не мора да го знае тоа. Вашиот гнев ќе помине и можеби ќе заборавите какви епитети сте му залепиле на сопругот во афект, но вашата пријателка ништо нема да заборави.

КОЛКУ ЗАРАБОТУВАТЕ
Паровите често се споредуваат кој има поголема куќа, кој вози подобар автомобил и кој има подобра плата. Сигурно не сакате пријателите да ги сметаат вашите проблеми за неважни, бидејќи имате премногу пари за да имате вистински проблеми. Или не би сакале да се сметаат супериорни, бидејќи заработуваат повеќе од вас, иако вистинските пријатели не би го правеле ниту едното ниту другото, барем не свесно. Брачните финансии сепак нека останат приватна работа.

КОИ ВАШИ ПРИЈАТЕЛИ НЕ ГИ САКА СОПРУГОТ
Не дозволувајте брачниот живот да ве оддалечи од пријателите. Ако вашиот сопруг не сака некој од вашите пријатели, не им кажувајте, и обратно, ако некој од вашите пријатели не го сака вашиот сопруг.

ДЕТАЛИ ОД ВАШИОТ СЕКСУАЛЕН ЖИВОТ
Забавно е да зборувате со своите пријателки на тема секс, да ги споредувате вештините на своите партнери, да се фалите со прекрасен брачен сексуален живот. Но, сепак, некои детали од спалната соба зачувајте ги само за себе. Големината на неговиот пенис, фетишите и слични интимни детали нека останат помеѓу вас двајца.

ДОЛГОВИ
Речиси секоја брачна двојка има финансиски долгови. И без разлика дали тие се големи или мали, тоа не е тема на која треба да разговарате со пријателите.

СЕКСУАЛНИ ФАНТАЗИИ ЗА ПРИЈАТЕЛИ
Некои брачни парови на шега кажуваат со кој од своите пријатели би спиеле. Нормално е да имате фантазии, но опасно е да ги делите со другите. Некои фантазии поделете ги со својот сопруг, но добро размислете и пред да му ги кажете нему.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>