Top
Srekjni_na_rabotnoto_mesto_iLike_mk

Бидете здрави, среќни и витки на работната позиција

Додека сте на работното место, прилично догло време поминувате во седење, минувате низ стресни ситуации и јадете брза (нездрава) храна. Но и покрај ова, постојат многу нешта кои можете да ги направите за себе и кога сте на работа.

Земете ги предвид препораките на нутриционистот Боб Грин и водете здрав живот дури и на работното место.

08:00 часот – СЛАБЕЈТЕ ПЕШАЧЕЈЌИ
Луѓето кои носат удобна облека и обувки, дневно прават 491 чекор повеќе од оние кои се робови на модата, открива студијата на американскиот Универзитет за спортска медиција. Тие чекори во текот на денот можат да ве ослободат од неколку килограми на долг рок.

08:30 часот – СЛУШАЈТЕ МУЗИКА
Додека патувате кон работното место пуштете си музика, бидејќи истражувачите на Универзитетот во Сиетл откриле дека ритамот на музиката опушта и поттикнува производство на хормонот кој го подобрува расположението.

09:30 часот – ПРОТЕГНЕТЕ СЕ
Ако долго седите, наместетe аларм да ве потсетува дека од време на време треба да станете од столот, да се протегнете, да ги истегнете рацете и грбот. Со тоа ќе ја намалите болката во ‘рбетот и ќе спречите главоболка.

10:00 часот – ТЕЛЕФОНИРАЈТЕ СТОЕЈЌИ
Се што можете да направите стоејќи, правете го во таа положба. Така ќе согорите 50 калории повеќе за само половина час.

12:00 часот – ВРЕМЕ ЗА ЗДРАВ ОБРОК
Паузата за ручек искористете ја за да јадете. Избегнувајте грицкање зад компјутерот – така ќе јадете лоша храна во големи количини. Наместо тоа, потрудете се да ручате заедно со некој од колегите или колешките. Така ќе го намалите стресот, а и ќе ги подобрите когнитивните способности.

14:00 часот – ПОГЛЕДНЕТЕ НИЗ ПРОЗОРЕЦ
Накратко одморете и погледнете низ прозорецот. Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон откриле дека срцето подобро работи, а мозокот полесно се одмара ако погледнете низ прозорец, отколку ако гледате во ѕид или во некои документи.

17:30 часот – ИСФРЛЕТЕ ГИ НЕПОТРЕБНИТЕ НЕШТА ОД СПАЛНАТА СОБА
Ако е можно, работата оставете ја за во канцеларија, а кога сте дома искористе го времето да се опуштите. Штом пристигнете дома, подгответе здрав и вкусен оброк. Ако баш морате да работите, тогаш избегнувајте спалната соба да ви биде канцеларија и работата немојте да ја завршувате во времето предвидено за спиење, во спротивно, светлоста од мониторот произведува мелатонин – хормон кој му „вели“ на телото дека не е време за сон, па ќе останете ненаспани.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *