Top
Soveti_za_silen_prv_vpechatok_iLike_mk

4 правила за силен прв впечаток

Веројатно веќе знаете, потребни се само неколку минути за да оставите прв впечаток – и целиот живот да се трудите да го менувате ако е негативен. Со пракса, може да научите да се презентирате како професионалец секогаш кога ќе се запознаете со некого.

Во продолжение четири правила за да оставите добар впечаток:

1. Бидејќи говорот на телото и зборовите играат голема улога во тоа како другите ве перцепираат, треба да се разгледаат четирите правила што се однесуваат на првиот впечаток кој го презентираме на другите. Па затоа вашите први зборови треба да бидат впечатливи.

Најефикасниот начин да остварите интеракција со другите е да испратите пораки со благодарност. Пример:

- „Ви благодарам што најдовте време да се сретнете со мене, Г-дин X.

- „Мило ми е што конечно лично Ве запознав, Г-гица X.

Овие се одлични пораки што покажуваат благодарност за први средби. Ова правило може да го користите и за луѓе што веќе ги познавате. Пример:

- „Благодарам за Вашиот интерес за меѓусебната соработка, X.

- „X, благодарам за Вашата сугестија да се сретнемe.

Кога е можно, користете го името на лицето во првите 10 или 12 зборови од разговорот.

- „Одлично е што повторно се гледаме, Х.

Сите ние се вклучуваме кога ќе го слушнеме нашето име. Сите ние сакаме лично препознавање, без оглед колку сме скромни. Затоа започнете на позитивен начин и користете го името на лицето со кого разговарате.

2. Вклучете се со другите

Остварете очен контакт. Насмејте се. Вашиот израз на лицето може да пренесе енергија и мотивација. Дали преферирате да се сретнете со некого што изгледа како да имал лош ден? Или со некого кој е насмеан? Вашиот израз на лицето ја покажува самодовербата што ја имате во себе. Насмејте се. Бидете самоуверени. Бидете енергични и луѓето ќе одговорат на позитивен начин. Размислете и обидете се.

3. Одете со цел

Кога влегувате во Вашата канцеларија или кога одите да се сретнете со Вашите клиенти, ставите малку живост во Вашиот чекор. Движете се со виталност и енергичност. Повеќето од нас уживаат да бидат во присуство на луѓе со многу енергија. Обидете се на крајот на денот да одите со истата енергија како што одите на почетокот на денот.

4. Посвете внимание на личниот изглед

За да оставите добар прв впечаток внимавајте на основните правил:

- Вашата коса треба да биде уредена и да биде соодветна за Вашето лице,

- Носете накит соодветен на настанот и ситуацијата. Квалитетот на накитот што го носите се перципира како одраз на Вашиот карактер,

- Мажите треба да го користат тестот наречен „еден прст“ кога купуваат кошули. За да бидат сигурни дека кошулата ќе биде точна, треба да го стават прстот помеѓу вратот и јаката. Доколку има доволно простор да го стават прстот удобно, тоа значи дека нема да имаат потреба да го откопчуваат горното копче од кошулата,

- Посвете внимание на чевлите. Тие треба да бидат добро одржани и да изгледаат како нови,

- Жените треба да внимаваат да не оставаат лош впечаток со скинати хулахопки. Секогаш имајте еден пар на хулахопки на работа – за секој случај,

- Мажите треба да носат чорапи што ги покриваат нивните глуждови кога седат.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *