Top
Planiranje-pauvanja-iLike-mk

20 работи на кои патувањето нè учи

Патувајќи со воз низ Швајцарија лани, го почнав драфт постов со наслов „Што може да научиме од секое патување, посебно како фриленсери“. Имам нафрлено навистина многу, сите се кратки, некои се смешни, некои ги знаете сите, некои се сериозни, но сите се од мое лично искуство и но се надевам дека ќе ви се најдат советите и вас. Ги објавувам без некои поголеми менувања од оригиналот.

1. Локалното пиво има различен вкус во секоја држава, во скоро секој град.
2. Секогаш потрудете се да ги научите барем основните фрази во секој нов јазик.
3. Пасошот нека биде секогаш до вас, посебно ако патувате со ноќен воз.
4. Имајте копија или фотографија од важни документи како лична карта, осигурување, билети и сл. некаде онлајн и уште подобра опција е ако користите Dropbox да ви бидат и офлајн достапни.
5. Колку почесто патувате толку сте подобар мајстор за брзо и лесно пакување и распакување.
6. Не правете животински звуци ако не може да се разберете за некое јадење од менито.
7. Секогаш однапред прашајте или прогуглајте дали водата од чешма може да се пие.
8. Избегнувајте ресторани во туристичките делови на некој град.
9. Не повлекувајте кеш од банкомати во запуштени делови од некој град и секогаш проверувајте дали има камера.
10. Секогаш со вас имајте молив, пенкало и тефтерче за запишување интересни моменти и скечирање на нови дизајни, не знаете кога ќедобиете инспирација.
11. Комуникацијата е најважна, едноставно нема да преживеете без тоа во нов град. Локалците имаат секогаш понов и подобар совет од водичите или Lonely Planet пример.
12. Носете лесни чевли за пешачење, нозете ќе ви бидат благодарни на крај на денот.
13. Ако фотографирате некого прво прашајте за дозвола.
14. Имајте почит кон локалната култура и обичаи, колку и тие да се чудни и да се коси со некои ваши убедувања.
15. Не мора секој ден да правите нешто ново, ниту да бидете на ново место. После 5/6 дена секогаш имајте ден само за себе, не правејќи баш ништо. Дозволете се она што сте виделе да се впие, и ќе ви се најде подоцна за инспирација.
16. Не преговарајте со таксисти пред патување, така секогаш ќе платите повеќе.
17. Бидете во контакт со најблиските, посебно ако сте во подалечна земја. И само „Сè е ок“ порака на неколку дена е доволно.
18. Патувајте и планирајте патувања со вашата девојка/дечко, тоа ќе ви ја тестира и зајакне врската или бракот.
19. Кога се чувствувате најубаво, за миг застанете и научете да уживате да го цените она што е пред вас, без да брзате да го споделите на фејсбук.
20. Колку повеќе учите за некоја земја, толку помалку знаете.

Слободно пишете и некои ваши совети, типс ен трикс од вашите патувања.

Извор: ДЕЗЕН.мк




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>