Top
Shinkanje-na-rabotno-mesto-iLike-mk

10 совети за нанесување шминка додека сте на работното место

На работното место, модерните девојки и жени наидуваат на голем предизвик – да го покажат својот стил, но и да изгледаат професионално и софистицирано. Како што е важна облеката која ја носите на работното место, така и изборот на шминка може многу да влијае на начинот на кој ве доживуваат колегите.
Всушност, вистина е дека средениот надворешен изглед може да направи да изгледате покомпетентни за вашата работа.

1. Не барајте го најдоброто осветлување во канцеларијата.
Ако ставате малку шминка на работа, ова е најважно. Флуросцентните светилки се лошо осветлување за нанесување на шминка, па затоа подобро е да одите во тоалет и да ја нанесете шминката, отколку да го правите тоа вашата канцеларија.

2. Не користете премногу светкави препарати во вашата секојдневна шминка.
Треба да им речете не на светкавите пудри и сенки за вашата дневна шминка. Ако имате потреба од малку сјај на лицето, постигнете го тоа со малку руменило.

3. Носете впечатлив кармин кога имате презентација.
Дури и ако не сте голем фан на пример на црвената нијанса, размислете за тоа пред вашиот следен состанок. Кога зборувате пред група луѓе, сакате да ви обратат внимание вам и на тоа што го зборувате. Со повпечатливи нијанси на кармин постои голема веројатност да не пропуштат ни збор.

4. Не нанесувајте премногу пудра.
Држете се до поприродниот изглед и ставете разумна количина на пудра. Вишокот на течна и камена пудра може да изгледа премногу тешко под флуросцентно светло. Наместо тоа, пробајте да ги прекриете само темните подочници и други недостатоци на вашето лице со коректор.

5. Не проверувајте ја шминката премногу често.
Освен ако не сте познат шминкер, сигурно никој нема да цени ако ги пробувате најновите кармини и шминки во текот на работното време, особено не на работното место. Воздржете се и потребните корекции направете ги во тоалетот.

6. Не заборавајте да средите вашите веѓи.
Со мало дефинирање на веѓите можете да изгледате посредено и попрофесионално. Кога се шминкате, не заборавајте ги. Тие му даваат облик на вашето лице.

7. Не ставајте премногу светкав сјај за усни.
Оставете ги сјаевите за усни за вечерното излегување. Исцртаните усни во понеутрална нијанса даваат помладешки и поприроден изглед.

8. Не претерувајте со контурирање на лицето.
Сите знаеме дека контурирањето на лицето е популарно во моментов, но треба да внимавате до кој степен го правите тоа за дневната шминка. Препорачливо е за дневниот изглед да го правите тоа со најмногу две нијанси потемна боја од вашата природна боја на лицето.

9. Не заборавајте на руменилото.
Голем број жени мислат дека ако го контурираат своето лице, не треба да стават руменило, а тоа е погрешно. Руменилото му дава боја на вашето лице.

10. Не нанесувајте целосна шминка на вашето работно место.
Да бидеме појасни, корекција на карминот и пудрата е во ред, но нанесување на целосна шминка на вашето работно место не е. Ако сакате да бидете нашминкани на работа, направете го тоа пред да излезете од дома. Можеби ќе изгубите 15 минути од вашиот сон, но ќе покажете повисоко ниво на професионализам на работното место.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>