Top
single

Зошто жените избираат да бидат „сингл“?

За да бидете среќни во врска, треба да научите да бидете среќни и кога сте сами. Кога подолго време сте „сингл“, луѓето ќе почнат да прашуваат „Зошто?“, „Што е проблемот?“, да ве тешат „Ајде, ќе биде и тоа.“ или пак да ве критикуваат „Многу си пребирлива“. Токму од такв причини, многу жени избрале да бидат сами.

Како најчести причини поради кои жените се „сингл“ се овие неколку за кои ќе прочитате во продолжение.

  • Не можат да се согласат на помалку од она што вистински го заслужуваат и не нашле партнер кој целосно ќе ги освои.

  • Некои жени се сами по свој збор и многу ги нервираат коментарите од „грижливите“ дека се многу добродушни, паметни, убави и вредни.

  • Дел од нив не сакаат да поставуваат високи очекувања кои и самите не би можеле да ги исполнат. Тие пред да најдат партнер сакаат да поработат на себе.

  • Вообичаено се поврзуваат за емоционално недостапни мажи, поради што одлучиле да одморат од врски.

  • Сами се бидејќи не сретнале маж, за кој би помислиле дека е подобро да бидат со него отколку сами.

  • Многу жени се „сингл“ бидејќи сметаат дека имаат се што ги прави среќни.

  • Не сакаат да си го трошат времето на некој кој не вреди.

  • Фокусирани се на себе, на својот емоционален прогрес. Не планираат цел живот да бидат сами, но не сакаат да се форсираат.

  • Едноставно не можат да најдат некој кој знае што сака и не би побегнал веднаш штом се појави првиот проблем.

  • Многу пати биле разочаран од својот љубовен живот, ако се убави и паметни.

  • Сакаат да имаат контрола над својот живот и своите пари. Кога се „сингл“ немаат потреба постојано да објаснуваат каде и како го поминуваат своето слободно време.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *