Top
posle_prviot_seks

Зошто некои мажи ги снемува после првиот секс?

На голем број жени им се случиле љубовни состаноци со згоден и културен дечко, редовно комуницирање со слатки пораки, неверојатен секс и потоа едноставно го снемува. Како што деновите поминуваат, така тој има сè помалку време за пораки и средби, а по извесно време едноставно целосно исчезнува од вашиот живот. Што се случува кај мажите што поттикнува толку неочекувано однесување? Зошто мажите бегаат после првиот сексуален однос?

* Постои друга девојка во неговиот живот
Сигурно не сакате да верувате во тоа, сепак постојат големи шанси дека тој веќе има некоја личност во неговиот живот која ја гледа како подобар избор за него. Без разлика дали ја запознал пред или по вас, тој сигурно се двоумел пред конечно да донесе одлука. Со неговото исчезнување покажува дека ја одбрал неа.

* Страв од обврзување
Ако во кој било момент почувствуваат дека обичното дружење може да се претвори во нешто повеќе, тие едноставно бегаат наместо да се обидат да ви објаснат. Со други зборови, ова однесување и за него не е лесно, но во неговите очи е подобар избор од обврзувањето.

* Сеуште има контакт со бившата девојка
Уште една тажна вистина, која можеби и самите би можеле да ја забележите. Особено доколку тој постојано комуницира со неа, разговара за нивното заедничко минато со вас или случајно ве нарекува со нејзиното име. Доколку не сакате да губите време, најдобро е да сфатите на што сте и ако не ви се допаѓа каде води вашата врска да продолжите понатаму.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *