Top
mazi

Зошто мажите се несреќни во бракот?

Кога станува збор за бракот, мажите на своите пријатели им се жалат за неколку нешта. Ова се нештата кои најмногу ги мачат, но и решенијата на истите.

Мисли дека го доживувате како банкомат или мајстор за куќни поправки
Мажите сакаат да почувствуваат дека ги цените, особено ако се вратиле од стресен ден на работа. Но, многу жени, веднаш штом мажот го стапне прагот започнува со попис на работи кои треба тој да ги купи или направи во домот. Брачните терапевти советуваат 30-минутна меѓузона во која мажите ќе се прилагодат на доаѓањето дома, а жената на неговото место во семејното гнездо.

Прекин на сите забавни активности
Додека сте биле врска сте ги делеле љубовта спрема спортот, готвењето или читањето книги. Мажите не сакаат бракот да ја укине забавата во нивниот живот. Тие имаат пријатели со кои може да одат на фудбалски натпревар, но би сакале заедно со вас да уживаат во некоја забавана активност. Терапевтите советуваат да договорите барем еден ден во неделата кога ќе правите токму тоа.

Сакаат разговор кој не се однесува само на децата
Секако дека децата се центар на вашиот свет, но тоа не значи дека 100% од времето треба да се помине во разговори за нив. Мажите би сакале од време на време за поразговарате за нови идеи, планови и цели, па дури и за некое обично видео или настан откако децата ќе отидат на спиење.

Сакаат повеќе секс
Во почетната фаза не сте можеле да се разделите, но сега поминуваат денови, недели, па можеби и месеци без страст во креветот. Во долгогодишниот брак тоа е нормално. Но, имајте на ум дека машкото либидо полека го смирува „ѕверот“ во него ако одвоите време за вакво уживање. Децата однесете ги кај родителите, а вие опуштете се во топла купка и разгорете ги страстите во креветот.

Многу обврски
Линијата помеѓу класичната поделба на машки и женски обврски во домот одамна е избришана. Мажите гeнерално немаат проблем со жените кои градат кариера, но бескрајно ги живцира ако по цел ден остануваат на работа или пак и дома носат работа. Овој проблем најтешко се решава, но сепак постои решение. Важно е да се врамнотежат приватните и работните потреби и заедно со партнерот да ги дефинирате границите. На пример, после 19h не го проверувајте службениот e-mail.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>