Top
postara zena

Зошто мажите сакаат секс со постари жени?

Логично е дека секоја постара жена има поголемо животно искуство, па со самото тоа и сексуално. Токму затоа, мажите сакаат постари жени во кревет.

Игра на бројки
Постарата жена по некоај логика има поголемо животно искуство, па со самото тоа и сексуално. Помладиот маж во постарата жена гледа вистински сексуален експерт, од кого може да научи многу и да доживее неверојатно задоволство.

Знаат што сакаат
Постарите жени одлично го познаваат своето тело, знаат точно што сакаат и воопшто не се срамат да го покажат тоа.

Поопуштени се
Постарите жени се поопуштени и со самото тоа повеќе уживаат во сексот, а тоа е исклучително возбудливо за посилниот пол.

Го сфаќаат значењето на сексот
Знаат што значи сексот и не го користат за да добијат нешто материјално од помладиот маж. Свесни се за физичките и психичките благодети од сексот.

Уживаат во улогата на „учителка“
Постарите дами уживаат во тоа што играат улога на „учителка“ во сексот. Тие чувствуваат кога треба да бидат доминантни, а кога треба да му го препуштат главниот збор на партнерот. Знаат да направат вистинска атмосфера и без да се срамат купуваат некоја еротска книга или секси играчка.

Имаат самодоверба
Ако мажот препознае жена која е полна со самодоверба, тоа на него делува исклучително возбудливо.

Мажот знае на што е
Со нив се знае на што сте, односно нема играње детски игри, тактизирање и тестирање. Нив телефонот не им служи за играње мачка и глушец. Точно ќе дадат до знаење што сакаат од таа врска и не се плашат дека ќе го изгубат партнерот ако се отворени.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>