Top
Young smiling couple casual portrait

Зошто да не останете пријатели со бившиот?

Сите знаете дека пријателството после љубов едноставно е невозможно. За некои парови, останувањето во добр пријателски односи по раскинувањето е нешто сосем нормално. Следниве 8 причини ви докажуваат зошто не би требало да останете „пријатели“.

Немате потреба да се грижите дали тој ќе го мрази и осудува вашето идно момче. Можеби ќе сакате мислење од блиските луѓе, но од бившиот е малку чудно.

Не треба да се преправате дека не сте љубоморни што и тој има друга девојка. Веројатно нема ништо пострашно од тоа да си другарка со сегашната девојка на бившиот дечко.

Ќе го прескокнете непријатниот момент кога ќе сфатите дека нема основа за пријателство. Како на пример, во моментот кога ќе имате секс „за последен пат“.

Ако останете пријатели, голема е веројатноста дека ќе станете пријатели со бенефиции. Тоа на сите им се случува, а и вие нема да бидете исклучок.

Нема да се соочувате со второ раскинување. Раскинувањата воопшто не се забавни, особено кога врската е недефинирана.

Нема да има потреба да му ја објаснувате ситуацијата на новото момче. „Со него бевме заедно 2 години, но сега сме многу добри пријатели, нема за што да се грижиш“.

Не мора да се преправате дека ви се допаѓаат неговите пријатели. Ќе ви биде многу поолесно што не мора да глумите.

Многу е убаво чувството кога од животот ќе исклучите некој кој не е добар за вас. Воопшто не треба да се обвинувате за тоа, туку напротив, треба да уживате и да бидете среќни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>