Top
Poraneshno-momche-iLike-mk

Зошто Вашето поранешно момче постојано се враќа?

Мажите се фасцинантни суштества. Во еден момент не сакаат да бидат во среиозна врска, а веќе следниот момент имаат друга девојка. Потоа се случува да се враќаат на поранешната девојка и да молат за уште една шанса.

Ова се четирите најчести причини зошто тие повторно се враќаат:

СЕ ПРОМЕНИЛ
Сакаат да го видите новиот, подобар маж и да сфатите дека сте погрешиле. Ова е само себичен начин да ви покажат дека не се толку лоши колку што сте мислеле. Ако навистина се променил, тоа е одлична причина да се обидете повторно, но почесто се работи само за неговото его кое не може да издржи некој да има лошо мислење за него.

ВИЕ СТЕ СЕ ПРОМЕНИЛЕ
Нова фризура, неколку килограми помалку и поинаков став кон животот. Во истиот момент од досадната поранешна девојка, станувате девојката која не требало да ја остави. Пред да се вратите на старо, запрашајте се дали тој е доволно добар за вас.

СЕ БУДИ НЕГОВОТО ЕГО
Ништо подобро не ги отвара очите на вашето поранешно момче од фактот дека сте среќни со некој друг. Се буди натпреварувачкиот дух, а и потребата да се покаже дека е подобар од вашето сегашно момче е толку силна што едноставно мора повторно да ве има. Иако тоа ви одговара на вашето его, треба да знаете дека тоа не е поради вас, туку едноставно да го победи сегашното момче.

СФАТИЛ ШТО ИМАЛ И ИЗГУБИЛ
Понекогаш се случува мажите едноставно да сфатат дека погрешиле и дека не требало да ја прекинат врската. Се случува. Ако навистина покаже дека сте му важна и ако работи повеќе на вашата врска од порано, можете да му дадете уште една шанса. Можеби навистина се променил.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>