Top
Знаци по кои ќе препознаете дека вашиот партнер има љубовница

Знаци по кои ќе препознаете дека вашиот партнер има љубовница

Голем број жени стравуваат од помислата дека можеби нивниот љубовен партнер има друга жена. Ова сценарио може да биде вистински хорор за жената и да предизвика големи немири.

Еве 6 клучни работи кои се предзнак за неверство:

ПРЕГОЛЕМА ПОТРЕБА ЗА ПРИВАТНОСТ
Сите имаме потреба од приватност, но преголемата приватност е причина за сомнеж. Поставувањето лозинки на компјутерот и мобилниот телефон е доволен знак дека постои трета личност.

СЕ ТРУДИ ДА ИЗГЛЕДА ПОДОБРО
Изненадувачки поголема грижа за поубав надворешен изглед од вообичаено, избор на нов парфем, преголемо внимавање за комбинацијата на парчиња облека и менување на фризурата.

НЕДОСТАТОК НА ИНТИМНОСТ
Нeзаинтересираност за секс, исчезнувањето на спонтаните бакнежи и прегратки, како и избегнувањето на приватните моменти се исто така доволен знак за постоењето на трет играч во врската.

МНОГУ ВРЕМЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Времето кое го минува пред компјутер или на мобилен телефон е значително поголемо од претходно. Последните статистики покажуваат дека фејсбук, мај спејс и твитер се причина за прекин на голем број долгогодишни врски.

ПРОМЕНИ ВО РАСПОЛОЖЕНИЕТО
Драстичните промени во расположението исто така можат да бидат предзнак. Но, бидете внимателни со оваа претпоставка бидејќи стресот на работното место може да биде причина за промена во расположението на вашиот партнер.

ТРОШИ ЗНАЧИТЕЛНО ПОВЕЌЕ
Се труди да не дознаете на што ги троши парите, се задолжува кај пријатели или вади нови кредитни картички. Исто така, ги крие месечните извештаи за телефон од вас.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *