Top
vrska

Знаци на убава љубовна врска

Секоја врска функционира на свој начин. Постојат неколку знаци кои покжуваат дека се наоѓате на вистинскиот пат на градењето на здрава љубовна врска.

Можете да бидете „вистинското јас“ – Пред својот партнер едноставно немате потреба од никакви маски, се чувствувате слободно да бидете свои, а партнерот комплетно ве поддржува во тоа.

Ја зачувувате својата индивидуалност – Без оглед на тоа што не постојат никакви пречки и тајни помеѓу вас, вие сепак си дозволувате „простор за себе“ кој ја освежува вашата врска. Делите многу работи и моменти, но сè уште наоѓате време за да ги одржувате вашите интереси и страсти и да ги задоволувате своите потреби.

Секогаш сте тука еден за друг – Денес е многу тешко да се најде време за партнерот. Ако најдете личност која секогаш наоѓа време за да ве види, знае да ве ислуша без никаков коментар, критика или осуда, можете да бидете сигурни дека покрај себе имате вистинска личност која треба да ја цените.

Чувствувате внатрешен мир – Ништо во животот не е совршено, па ни љубовта. Ако најголемиот дел од времето кое го поминувате заедно, присуството на вашиот партнер ви буди внатрешен мир и задоволство, тогаш со сигурност сте ја нашле совршената личност за вас.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>