Top
Losh_tip_na_dechko_iLike_mk

Знаци кои укажуваат дека не сте во врска со вистинскиот дечко

Што е тоа што прави една врска да биде дефинирана како добра? Првенствено, важен е односот помеѓу љубовните партнери, почитта која ја имаат еден кон друг, како и љубовта која секојдневно ја негуваат. Тие комуницираат отворено, не се плашат да ги симнат маските и се чувствуваат безбедно во меѓусебната прегратка. Но, дали се пронајдовте во овој опис? Можеби сте во погрешна врска?!

Доколку се пронајдете барем во еден од следниве знаци, би требало добро да размислите дали тој е идеалниот избор за вас:

Прави да се чувствувате виновно затоа што сте среќни
Вие не можете да му го раскажете забавниот викенд, ниту пак колку добро ви оди на работа. Кога сте околу него одите како „на јајца“ бидејќи тој станува љубоморен дури и за најмали нешта.

Се однесува како да му должите секс
Ви купува вечера? Ги мие садовите? Ве собира со автомобил од работа? Сите овие нешта може да ги употреби против вас и ќе направи да се чувствувате како лоша девојка доколку не сте расположени за секс.

Ве разочарува
Секој ден, без исклучок! Кога и да се возбудите за нешто интересно, како на пример, љубовен состанок, тој ќе ви откаже или вечерата ќе ви заврши со кавга која ќе го уништи претходно добро поминатото време. Некако сè завршува наопаку.

Никогаш и во ништо не ве поддржува
Дури ни за најмалите нешта. Тој не сака да сподели нешто важно за вас на социјалните мрежи, ниту пак да ви каже дека изгледате прекрасно. Од него немате никакво внимание.

Има навика да ве заборави со часови, па дури и со денови
Сте го побарале и не ви се јавил, или сте му пишале порака и сте добиле одговор по неколку денови. Тој воопшто не се труди да ве побара прв.

Кога ќе се видите секогаш е под дејство на алкохол
Не се сеќавате кога последен пат сте го виделе трезен. Дури ни за оние денови кога ви е важно тој да биде најдобрата верзија од себе, како одредени настани, приватни или професионални за кој ветил дека нема да пие.

Сексот е единствениот вид внимание кое ви го дава
Тој никогаш не ве држи за рака во јавност, ниту пак додека седите на дома. Никогаш не ве бакнува во образ или на чело. Не ве држи близу до вас, ниту пак ве прегрнува (без план да има секс).

Постојано „се истура“ на вас
Дури и кога не сте направиле ништо погрешно. Ако сврти на погрешна улица, ве обвинува вам, ако ја пропушти омилената серија – повторно, вие сте криви! Вие сте негова боксерска вреќа на која ги истура сите фрустрации.

Делува како да не му пречи ако не се видите подолго време
Вие сте оние што ги прават плановите, па мора секогаш да се адаптирате на неговиот распоред. Тој дури нема да ви каже ни дека му недостигате ако не сте нашле слободно време да се видите.

Прави да се чувствувате анксиозно
Ви предизвикува главоболки и болки во стомакот. Дури и кога сте добро расположени кога ќе се видите, потребни му се само неколку минути за да ве турне во лоши расположение.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>