Top
nesrekna-zhena

Знаци кои покажуваат дека жените се несреќни во врската

Често се случува некоја жена да сфати дека е несреќна во врската или бракот во кој моментално се наоѓа.

Помалку зборуваат
Кога жената ќе ја намали комуникацијата со партнерот, тоа е јасен знак дека нешто ја мачи.

Брзо пламнуваат
Жената која е насреќна во љубовта, брзо ги губи живците и за секунда може да избувне дури и поради ситници.

Секогаш се уморни
Едно истражување покажало дека жените во несреќни бракови страдаат од хроничен умор.

Одбиваат секс
Жените кои не се задоволни од бракот или врската се трудат да избегнат физички контакт со партнерот.

Имаат тајни
Во секоја нормална врска нема место за тајни, а штом се појават значи дека нешто не е како што треба.

Губат доверба
Врските и браковите мора да се темелат на меѓусебна доверба, а недостаток од неа значи дека нешто за брзо ќе пукне!

Имаат нови интереси
Ако жената постојано наоѓа начини да не биде дома, без разлика дали станува збор за секојдневно излегување со пријателките или ново хоби, тогаш во таа врска многу нешта не функционираат и жената сака да заборави на проблемите.

Размислуваат само за себе
Жените кои се несреќни во љубовната врска умеат да станат себични. Личните интереси им стануваат многубројни важни, а за оние на партнерот воопшто не се грижат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>