Без оглед на тоа како започнала и како се одвива врската со партнерот, сепак секогаш постои одредена доза на сомнеж. Многу девојки на почетокот на врската многу внимаваат да не кажат или направат нешто што ќе ја загрози нивната врска. Една од темите која не смее да се спомне е неговата бивша. Нормално е да ве револтира нејзиното присуство, а следниве знаци ќе ви откријат дека тој уште ја сака.
ЧЕСТО ЈА СПОМНУВА
Најочигледниот показател дека некогашниот љубовен пламен сè уште тлее во неговата глава или срце е ако тој често ја спомнува. Дури и кога зборува негативно за неа, јасно е дека сè уште се наоѓа во неговите мисли и не ја преболел.
ЈА СПОРЕДУВА СО ВАС
Ваквите споредби сигурно не водат кон врска полна со страст. Споредбите со неа може да се толерираат само првите 48 часа од врската.
ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ДРУЖИ СО НЕА
Можеби не сакате да бидете една од оние кои го ограничуваат својот партнер, но не треба да му давате поддршка кога тој продолжува да се дружи со неа. Тие можеби навистина се само пријатели, но сепак мора да постои одредена дистанца помеѓу нив. Во негова близина би требало да биде евентуално на кафе после работа, но понекогаш и во ваше присуство.
ВЕ ВОДИ НА МЕСТА КОИ ГО ПОТСЕТУВААТ НА НЕА
Ако често ве води на исто место, на иста клупа во паркот или ресторан, прашајте го зошто токму тоа место е толку важно. Ако ви одговори дека со неа ги посетувал истите места, тогаш не премолчувајте, туку пронајдете некое место ќе биде само ваше.
МУ СМЕТА АКО ТАА Е ВО ВРСКА
Тој не треба да биде незадоволен, нервозен или тажен кога ќе дознае дека неговата бивша има ново момче, бидејќи тој ве има вас. Ако се случува токму тоа, сигурно не ја преболел.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!