Top
vrska

Знаци кои покажуваат дека тој не сака сериозна врска

Ако забележите некој од следните знаци, воопшто не се двоумете, туку кажете му „Збогум“, бидејќи тој нема сериозни намери. Штом ќе се појави извесен проблем, тој бега и избегнува повторно да разговарате за тој проблем.

Се јавува само кога тој сака
Се јавува сано ако му треба нешто или ако бара нешто од вас, поточно само кога сака секс. Но, кога го барате за да излезете, да одите во кино или за да се прошетате, тој никогаш нема време.

Тој е големо дете (бега од проблеми)
Штом ќе се појави некој проблем, тој бега и секако, би сакал никогаш повеќе да не мора да разговарате за тоа.

Не сака да ги запознае вашите најблиски пријатели
Тој не сака да се запознае дури ниту со вашата најдобра другарка, за кога често му говорите. И тоа е така не затоа што му е непријатно, туку затоа што не планира долго да остане со вас.

Никој од неговите пријатели не знае за вас
Ниту еден од неговите пријатели не знае дека воопшто постоите, ниту пак се сретнал со вас.

Никогаш не разговарате за иднината
Иако се гледате веќе извесно време, веројатно би сакале да знаете во која насока оди тоа. Тој не го дели истото мислење, затоа што нему му е сосема добро и вака.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *