Top
los_ljubovnik

Знаци кои покажуваат дека тој е ужасно момче

Секоја жена најчесто не може да си го замисли своето постоење без партнер до себе. Но, нештата не се секогаш онакви какви во приказните. Понекогаш момчињата може многу да ја изневерат вашата доверба, а ако вашиот партнер го пронајдете во повеќето од овие знаци, тогаш тоа е индикатор дека тој е ужасен и треба да размислите за промени.

Се чувствувате виновни кога сте среќни
Не можете да му раскажете за забавата, како ви поминал викендот или за некои случувања на работа. Чувствувате дека морате да внимавате на сѐ што правите, затоа што тој ви наоѓа забелешки за секоја ситница.

Секогаш ве разочарува
Кога се радувате за некое случување, тој или откажува или вие се карате, па ви ја уништува целата вечер.

Никогаш не ве поддржува, дури ни во малите работи
Не му се допаѓаат вашите објави на социјалните мрежи или никогаш не ви дава комплимент за вашиот изглед.

Не сака да имате машки пријатели
Тврди дека ви верува вам, но не и на момчињата. Постојано споменува дека сите момчиња само сакаат да ве одведат в кревет.

Прави да се чувствувате дека имате лош вкус
Не ги гледа вашите омилени серии, не ги слуша вашите омилени песни и постојано се смее на вашите избори. Тој го уништува сето она што вие го сакате, иако знае дека ви значи многу.

Премногу долго му треба за да ви одговори на пораката
Ако не му се јавите први, нему воопшто и нема да му текне на тоа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *