Top
sreka-ljubov

Знаци кои покажуваат дека сте му кажале „ДА“ на вистинскиот

Никој не е совршен, а секој од нас е во потрага по личност која совршено одговара на неговите желби, очекувања и потреби. Еве како можете да препознаете кој е вистинскиот.

- Секогаш ги фали Вашите достигнувања кога сте во друштво. Без оглед на тоа дали сте добиле унапредување на работа или сте успеале во нешто друго, неговата уста секојаш е полна пофалби за Вашиот талент.

- Се однесува како вистински џентлмен, Ви отвора врата или Ви помага за носење на ќесите кога се враќате од купување, иако сте во врска повеќе години.

- Не сака да Ве менува, бидејќи знае дека секој има свои предности и мани.

- Ви кажува како се чувствува, a и често знае дека изговори „Ми недостигаш“.

- Не се срамите да се расплачете пред него. Тој знае дека не можете да се воздржите од употреба на хартиени марамици кога гледате некој романтичен филм и слично.

- Никој не е совршен.  Прашање е дали сте совршени еден за друг?

- Близок е со членовите на вашето семејство и ви овозможува да се зближите со неговото семејство.

- Другарува и со вашите пријатели. Ако имате лош ден, без проблем ќе ги вклучи во вашите заеднички активности за да можат заедно да го поправат вашето расположение.

- Ве остава да избувнете кога ќе ве изнервира некоја ситница. Тој знае дека не може секогаш да ви помогне и дека понекогаш ви е потребно само уво кое ќе ве ислуша.

- Без никаков повод ви кажува дека изгледате убаво, дури и во оние денови во месецот кога седите дома во обична маичка и тренерки.

- Со него можете да патувате каде ќе посакате, без да се плашите од постојани расправии и препирања.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>