Top
nekompatibilnost

Знаци кои покажуваат дека сексуално не си одговарате со партнерот

Ако на почетокот мислевте дека тој е совршениот човек за вас и кога стигнавте до интимниот дел нешто тргна наопаку, тогаш треба да се запрашате дали тој е вистинскиот. Кога не се чувствувате среќно или не се задоволени, можеби станува збор за сексуална некомпатибилност.

Ретко водите љубов
Не сте расположени за секс, па дури и кога го правите тоа, причината е грижа на совест, бидејќи долго време не сте го направиле тоа. Несомнено ова е првата и многу јасна причина дека вашиот партнер повеќе не ве возбудува.

Имате неусогласени потреби
Кога вие сакате да имате односи, тој не сака и обратно. Вашите желби речиси никогаш не се совпаѓаат, што резултира со сиромашен и здодевен сексуален живот.

Не доживувате оргазам
Нормално е да не доживувате оргазам секој пат. Но, кога тоа се случува премногу често, очигледно е дека вашиот партнер не го познава вашето тело, ниту вашите потреби, што укажува на недостаток на комуникација.

Не уживате во исто време
Нему му одговара една, а вам друга поза и вие се жртвувате во текот на односот, што баш и не е целта на овој чин.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>