Top
zaednichki-zhivot

Знаци кои покажуваат дека не сте за заеднички живот

Во врска сте и замислувате за заеднички живот? Ако сеуште размислувате, овие знаци ќе ви откријат дали сте подготвени на ваков животен чекор или сепак е подобро малку да причекате.

Можете ли да си го дозволите ова?
Ова звучи многу едноставно, но кога ќе стигнат сметките или месечната рата за наем на станот/купување на станот, ќе имате ли доволно? Ќе имате ли доволно пари и за храна облека.

Дали сте навикнати да поминувате време заедно?
Пред заедничкиот живот, би требало да го поминувате заедно барем викендот. Можеби вашите повремени средби се исполнети и лесни, но да бидете со некој под ист кров 24/7 е нешто сосем друго.

Се расправате ли?
Малите расправии се нормална работа во секоја врска, но кога живеете под ист кров, ваквите ,,невини” расправии, може да се претворат во вистинска катастрофа.

Дали поминувате премногу време заедно?
Како и премалку, така и премногу време заедно, може да претставува проблем. Паровите имаат тенденција да заборават како е да имаат индивидуални интереси. Дали сте спремни да го толерирате партнерот или партнерката и неговите желби како на пример гледање фудбал со другарите или излегувањето со другарките?

Не ги сакате пријателите на Вашиот партнер?
Заедничкиот дом мора да биде место каде можете без страв да ги повикате своите најмили на дружење.

Не знаете како со пари?
Со неконтролирано трошење и трошење на ситници, можеби можете да се извлечете како самец. Кога сте под ист кров, одговорноста за финансиите зависи од двајцата. Дали сте подготвени за заедничко планирање, штедење или отстапки?

Постои притисок да се вселите?
Постојат случаи во кои еден од партнерите е спремен за заеднички живот, додека другиот уште се прашува дали е тоа вистинската врска за него? Согласувањето на заеднички живот може да биде пролонгирање на раскинувањето или рецепт за несреќен живот.

Вашите животни цели се сосем различни?
За многу од паровите, заедничкиот живот значи брак, деца, односно создавање фамилија. Но, што ако Вашите цели се различни? Размислете што сакате од заедничкиот живот.

Со заедничкиот живот сакате да ги решите проблемите во врската?
Проблемите во врската, кога сте под ист кров, може само да се зголемат. Паровите кои сакаат да се осамосталат би требало како темел да имаат цврст и стабилен однос.

Сакате да се вселите заедно, бидејки сите ваши пријатели го направиле ова?
Можеби тие се во период од животот кој вас допрва ве чека. Ако сте задоволни со својот статус, работите на врската и тоа ве прави посреќни, зошто ова да го расипувате?

Не сте баш „свои“ со партнерот?
Дали во потполност на партнерот му се имате отворено или уште пробувате да го импресионирате глумејќи најдобра верзија на Вас? Заедничкиот живот значи симнување на сите маски. И двајцата партнери мора да бидат свесни за сите добри и лоши страни и секоја да ја сакаат и да работат на неа.

Се чувствувате како да е прерано?
Само Вие знаете што чувствувате. Ако Вашата интуиција Ви говори дека е прерано за овој чекор, би требало да ја послушате.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>