Top
zadovolstvo

Знаци кои покажуваат дека е одличен во кревет

Сексот е многу важен дел од секоја врска. Ако имате нов партнер со кој уште не сте стигнале до постелата, постојат знаци кои ќе ви покажат дека тој е одличен во креветот.

Се однесува како вистински џентлмен
Малите, навидум незначајни гестови како отворање врата, помагање да го облечете капутот, дополнување на празната чаша, покажуваат дека тој мисли и се грижи за вас. Ако тој се однесува како вистински џентлмен надвор од постелата, можете да бидете сигурни дека исто ќе се однесува и кога ќе се изгаснат светлата.

Знае како да ве допира
Добриот љубовник ја цени сензуалноста и надвор од спалната соба, односно ви ја допира раката во текот на вечерата, нежно ви го допира грбот додека излегувате од врата, неприметно ви ја земе раката додека шетате, ќе знае како да ве допира по целото тело.

Знае дека не се врти сè околу него
Типот на маж за кој разговорот за неговиот автомобил му е на прво место, нема да биде маж со кој ќе посакате да водите љубов повторно. Во кревет ќе ви го земе вниманието оној кој прво ќе ве праша како сте го поминале денот, ќе ве однесе во вашиот омилен ресторан иако не е најголем обожавател на таа храна, ќе остане со вас пред телевизорот само заради вашиот ПМС.

Не му се брза
Мажот кој сака да започне сериозна врска, знае дека сте вредни за чекање. Ако тој ви каже да се стрпите, или дека не му се брза, не мислете веднаш дека ве одбива. Тој само сака подобро да ве запознае за да биде колку е можно подобар партнер во кревет.

Со него се чувствувате прекрасно
Врската во која се чувствувате убаво, тој постојано ви дава комплименти, начинот на кој ве гледа и ви зборува, малите подароци кои ви ги подарува зборуваат дека меѓу вас постои хемија која гарнтира совршен секс.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *