Top
Znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ne-e-zaljuben-iLike-mk

Знаци кои покажуваат дека не е многу заљубен во вас

На почетокот на секоја врска постојат силни чувства, па затоа е лесно да ги занемарите или пропуштите предупредувачките знаци дека тој не е толку многу заинтересиран за вас. За да не ве изненади кога тој еден ден ќе стави крај на врската, тогаш следете ги овие знаци кои го навестуваат токму тоа.

Не планира ништо однапред
Ако сте заедно кратко време, не очекувајте веднаш да крои планови каде ќе ја поминете Нова Година, летувањето и слично. Но, ако воопшто не ви зборува за планови за наредната седмица, тогаш нешто не е во ред. На пример, вие сакате да одите заедно на концерт кој ќе се одржи по 2 седмици и сакате да купите карти уште денес, а тој, се „вади“ од таквата ситуација со изговори од типот „ќе има карти и тогаш, рано е уште“, „не сум сигурен дали ќе можам да дојдам“ и слично.

Заборава на важните дати
Ако тој не се сетил на важни дати, како на пример вашата 6-месечнина, вашата годишнина и вашиот роденден, не можете да го оправдате со тоа дека „сите забораваат“. Ако се случи еднаш е грешка, двапати – повод за расправија, но ако истото се случува континуирано, тогаш време е да размслите колку сте важни во неговиот живот.

Се состанувате само кај него дома
Ако сте заедно подолг период и ниту еднаш не сте излегле заедно во кафуле или ресторан, никогаш не сте ги запознале неговите пријатели, т.е. вашата врска е далеку од сечии очи, тоа е сигурен знак дека партнерот сака поради некоја извесна причина да ја чува вашата врска во тајност. Во таков случај треба да ви биде јасно дека тој не ве сфаќа сериозно и дека не планира да продолжи долго време со вас.

Излегувате само со неговото друштво
Тој е оној кој ги прави плановите за излегување и секогаш завршувате со неговото друштво. Колку и да се обидувате да се вклопите, никогаш нема да се чувствувате онолку добро како кога сте со вашите пријатели. Ако не пројавува интерес за вашите пријатели и за вашето семејство, тогаш ова е сигурен знак дека не сте му толку важни во животот.

Ве „откачува“ во последната минута
Ако често се случува да ви се јави пет минути пред да излезете, да ви откаже и потоа да излезе со неговите пријатели, тогаш треба да знаете дека не сте на прво место во неговиот живот. Доколку често доцни, иако знае дека сте договорени да одите на кино или имате резервирано во точно определен час, тоа исто така треба да ви покаже дека не се грижи многу за времето кое ќе го поминете заедно.

Најчесто му се јавувате вие
Фрекфентноста со која ве бара е добар показател за неговата заинтересираност за вас. Ако во последните 2 седмици тој ве побарал само 2-3 пати, а вие го барате по неколку пати на ден, тогаш нема баланс во врската. Најверојатно сака вие да вложувате многу, а тој да си стои настрана, што покажува дека не е доволно заинтересиран за вас.

Ако вашиот партнер е силен само на зборови, но заборава да ги покаже на дело, време е да започнете да се сомневате во неговата љубов кон вас.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *