Top
Znaci-koi-upatuvaat-deka-go-sakate-beskrajno-iLike-mk

Знаци кои откриваат дека го сакате бескрајно

Почетокот на секоја врска изобилува со емоции, но и покрај тоа, воопшто не е лесно да процените дали станува збор за класичен флерт или пак следува нешто посериозно. Ако сте го нашле оној кој ви предизвикува необични силни чувства, размислете за што стануа збор. Следниве знаци се мали, но навистина важни показатели кои откриваат дека навистина го сакате.

ГИ ПРИФАЌАТЕ НЕГОВИТЕ ИНТЕРЕСИ
Не само што ги прифаќате , туку и учествувате во неговите интереси, односно заедно го гледате натпреварот на неговиот омилен тим. Иако таквата активност не е некоја забава, сепак неговата прегратка ви е најубава на свет.

СЕ ПОСТАВУВАТЕ ОДБРАНБЕНО КОГА СЕ ЗБОРУВА ЗА НЕГО
Разговорите помеѓу женските пријателки најчесто се многу искрени и отворени. Ако на изговарање на неговото име и анализирање на неговото однесување веднаш застанувате во негова одбрана, да знаете дека позади тие „луди“ емоции се крие вистинска љубов.

ЈА ПРЕПОЗНАВАТЕ ВАШАТА ЉУБОВ ВО НАЈУБАВИТЕ ЉУБОВНИ ПЕСНИ
Ако сте почнале да ги слушате текстовите на љубовните песни кои свират на радио, истите ги поистоветувате со вашата врска и чувствувате потреба да му пратите линк од некоја таква, бидете сигурни дека станува збор за љубов.

ЗБОРУВАТЕ ЗА НЕГО СЕКАДЕ И ПРЕД СИТЕ
Кога се луѓето среќни, имаат потреба на целиот свет да му го покажат тоа. Најдобриот показател дека го сакате е потребата неговото име да го спомнете во секоја приказна.

СЕ СМЕЕТЕ БЕЗ ПРИЧИНА
Во текот на денот помислувате на него, се присетувате на негов израз на лицето, кажан збор или гест и без причина почнувате да се смешкате. Ова е еден мал, но значаен знак кој зборува за вашите чувства кон него.

НЕГОВИТЕ МААНИ ВИ СТАНУВААТ НЕОДОЛИВИ
Нештата кои вообичаено ви „одат на нерви“ како заборавање на името на вашата најдобра пријателка, оставање на капакот од WC школката кренат, истурање на кафе врз вашите фармерки, во овој случај ви стануваат симпатични. Тоа ви зборува доволно за вашите чувства.

ПОДГОТВЕНИ СТЕ ДА МУ КАЖЕТЕ „ТЕ САКАМ!“
Чувството кога го набљудувате, кога се прегрнувате и бакнувате, кога ви се насмевнува, а вие едвај се водржувате да не ги изговорите овие две зборчиња. Веројатно ова е најважниот знак кој најмногу говори дека станува збор за вистинска љубов.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *