Top
par

Златно правило во љубовта – 2/2/2

Во овие модерни времиња сѐ потешко е да се одвојат моменти кои ќе си ги посветите само себеси и на својот партнер. Психолозите велат дека за успешна, среќна и цврста врска, потребно е да се придржувате до едноставната формула на трите двојки.

Правилото 2/2/2, кое треба да го почитуваат сите кои се во врска или брак, гласи вака:

– Секоја втора недела излезете на вечера

– Секој втор месец отпатувајте на викенд

– Секоја втора година одморете или патувајте барем една недела

Иако можеби сте во долга врска или во брак, не значи дека треба да ги занемарите излегувањата и состаноците. Нема да бидат чести како на почетокот, но се подеднакво важни. Викендот е одличен начин да избегате од градскиот метеж кој секојдневно ве опкружува, дури и ако отидете на краток планински излет или во посета на пријатели од друг град. Одморот не секој може да си го дозволи секоја година, но потрудете се тоа да биде време поминато со вашиот партнер.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>