Top

Жешки играчки за позабавен секс

Секс играчките се фантастични за сите оние кои сакаат да пробаат нешто ново во сексот. Можете да ги купите во секс шоповите и тоа по релативно достапни цени. Освен што ќе придонесат за ваше поголемо уживање и задоволство, некои од нив се и благотворни за вашето тело.



ПРСТЕН НА ЗАДОВОЛСТВО
Ова е прстен наменет за машкиот пол, но задоволството оди на сметка на жените. Прстенот се става на пенисот, а на врвот има интегрирано мал вибратор кој го стимулира клиторисот. Со овој прстен жените доживуваат поголемо сексуално возбудување.

СУПЕР ЛУБРИКАНТИ
Лубрикантите се навистина корисно помагало за жени кои имаат проблем со лубрикацијата или на кои им треба помош за постигање оргазам. Лубрикантите дополнително ја влажнат вагината со што значително се олеснува самиот сексуален чин.
Многу ретко се случува лубрикантите да доведат до некои лесни алергиски реакции, но пред употреба задолжително прочитајте го упатството во целост.
Тотален хит се ароматизираните лубриканти со мирис и вкус на ананас, јагода, кафе,..

ЗАБАВНИ “ПОЛИЦИСКИ” ЛИСИЦИ
Ако сакате да внесете новост во вашиот сексуален живот тогаш овие лисици се сјаен избор. Обложени се со мек и пријатен материјал, не ја стегаат раката, па слободно можете да го врзете вашиот партнер за креветот, парното или на некое друго место.
Препуштете се на фантазијата, играјте си, но немојте да го загубите клучот.

ТОПЧИЊА ЗА УЖИВАЊЕ
Навистина интересна играчка. Покрај тоа што ќе ви помогнат во уживањето, тие се и од медицинско значење. Имено, кога топчињата ќе ги ставите во вагината, под дејство на телесната топлина, тие се шират и собираат. На тој начин ги зацврснуваат вагиналните мускули. Особено препорачливи се при менопауза.

ЈАЈЦЕ СО ВИБРАЦИИ
Повеќе од јасно, се ставаат во вагината. Со далечински управувач сами ја контролирате брзината и интензитетот на вибрациите, а со тоа го зголемувате и степенот на вашето задоволство. Исто како и топчињата, додека вибрира предизвикува контракции на вагиналните мускули што е од особено значење за женското тело.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>