Многу од жените го анализираат секој чекор на својот партнер и најчесто на тој основ носат погрешни заклучоци кои доведуваат до расправии и незадоволство од двете страни. Мажите често пати знаат да кажат “Жените се комплицирани, сѐ ги интересира и од мравка прават слон”.
Ако покажам дека сакам сериозна врска или брак ќе мисли дека сум здодевна и очајна
Истражувањата покажуваат дека 75% од мажите сакаат кога жената ќе покаже иницијатива за врска. Ако се трудите да изгледате незаинтересирано и рамнодушно тие веднаш тоа ќе го препознаат тоа и ќе го земат како здраво за готово. Наместо да се срамите од емоциите, кажете го својот став и своите желби.
Сите мажи се лоши, нема заштитници и џентлмени
Типична предрасуда на модерните жени кои себеси се сметаат за принцези и омаловажуваат се што е поразлично од нив. Психолозите велат дека позади овој став се крие страв од врзување и зближување, а исто така со овој ства ги бркате сите од вас.
Мажите сакаат само убави и атрактивни девојки
Навистина не е точно, бидејќи убавината е релативна работа. Повеќето мажи за врска или брак одбираат жена која им одговара карактерно и често го ствааат изгледот во втор план.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!