Top
Attractive Smiling Young Adult Female Texting on Cell Phone Outdoors on a Bench.

Женски фрази кои значат „Сакам секс!“

Мажите несомнено сакаат жени кои преземаат иницијатива, па дури и кога станува збор за самиот чин на секс. Следниве неколку реченици недвосмислено говорат дека таа сака секс.

„Многу ми недостасуваше“
Доколку поради склоп на околности не сте се виделе извесно време, оваа реченица треба да ве потсети на сето она што сте пропуштиле да го споделувате, вклучувајќи го и водењето љубов. За мажот кој ја сака својата партнерка оваа реченица би требало да му звучи неодоливо секси.

„Вечерва ти си на ред“
Давањето и примањето се составен дел на секој стабилен и рамноправен однос, а секој од нас посакува да му се угодува. Ова угодување во сексуална смисла, за поголемиот дел од мажите е на врвот на сексуалните желби.

„Имам изненадување за тебе дома“
Уште од мали ние сме навикнати на зборот „изненадување“ да реагираме со позитивно исчекување. Со оваа порака жената сака да ви ги разгори сексуалните мечти за предиграта да отпочне и неколку часа пред да се вратите дома.

„Ми требаш“
Желбата и потребата се основни човечки нагони кои во љубовните односи создаваат блискост и поврзаност. Со оваа реченицата жената сака да покаже колку мажот ѝ значи во емотивна смисла, а колку повеќе има емоции толку сексот ќе биде пострасен.

„Понеси шише вино“
Јасно и гласно ви дава до знаење дека вечерва сака да ужива. Храната и пијалакот често се поврзуваат со добриот секс, а виното е познат афродизијак.

„Ти благодарам“
Со оваа кратка реченица жената јасно ви дава до знаење дека ве почитува. Освен тоа, тоа може да значи дека сака да ви искаже благодарност во спалната соба.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>