Момците кои веќе се во врска или брак имаат одреден шарм кој ја привлекува жената, а стручњаците тврдат дека причината за тоа е програмираниот мозок кој ги сака работите до кои е тешко да се допре или невозможно да се стигне. Барем така тврди Др. Томас Левис во својата книга „A General Theory of Love“.
Слична е ситуацијата и со другите работи кои ни се допаѓаат, па затоа е честа појавата да бараме нешто што е тешко достапно. Жените се во можност да го превртат целиот град само за да го најдат нивниот број од новиот модел на фустан или чевли.
Колку што е понедостапно, толку повеќе мислиме на тоа, па макар и на зафатено момче. Желбата го поттикнува хормонот кој е одговорен за среќата која нè принудува да си ја оствариме целта.
Автор: Ивана Витановска
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!