Top
iLike.mk_vo-krevet

Жените фантазираат за секс на секои 15 минути

Истражувањето на британскиот “Dating Direct” покажува дека не се само мажите оние кои постојано мислат на секс, туку и дека жените мислат просечно по 34 пати во текот на еден работен ден. Според анализата за сексуалниот живот на припадничките на понежниот пол, жените имаат сексуални фантазии на секои 15 минути. Во ова истражување на најголемиот британски сервис за посредување при љубовни средби учествувале 1000 испитанички. Авторите велат дека ваквите резултати се потполно разбирливи. Причината се бара во потсвесното незадоволство на современите Еви.
Над 50% од жените признаваат дека се имаат фантазии за некој свој колега, додека 36% сметаат дека треба да имаат афера во својата канцеларија.

Секоја втора жена изјавила дека не може да го оцени интимниот живот како целосно исполнет. Затоа една од најсилните провокации е оддавањето на страстни фантазии на работното место. Седум од десет дами потврдиле дека фантазираат на тема секс повеќе од еден час дневно. Повеќето од нив признале дека ако не си замислуваат интимни односи со својот љубовник, многу често фантазираат за случајни минувачи кои ги среќаваат во текот на денот. Голем дел од жените со мислите се враќаат и на бившите љубовници. Во текот на денот може да се случи да мислат и на својот партнер, ако тој достојно се покажал претходната ноќ. Околу 40% од испитаничките признале дека фантазираат за друг маж кога се во кревет со својот партнер, а 7% откриваат дека за време на страстен секс си го нарекуваат љубовникот со друго име.

Вообичаено се смета дека мажите се оние кои постојано мислат на секс, но ваквото истражување е уште еден доказ дека жените точно знаат што им е потребно во креветот и дека не се помалку страсни од посилниот пол.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>