Top
Magnet

Жени кои се вистински магнет за мажите

Иако физичкиот изглед е она што прво го забележуваат, карактеристики кои се магнет за мажите се оние кои и даваат на жената харизма, привлечност и шарм.

Според мислењето на мажите, најпривлечни се жените, кои ги красат следниве карактеристики.

Разумна жена е секогаш тука, не секогаш да биде достапна, но секогаш да го обезбеди вистинскиот одговор и потенцијалното решение. Секогаш можете да се потпрете на неа.

• Таа е срдечна и секогаш се смешка. Зборувањето со неа е вистинско задоволство, затоа што плени со насмевка и зрачи со љубезност.

• Таа е интелигентна и може да разговарате со неа за било што, едноставно има секогаш нова тема на која има за што да каже.

• Таа е совесна и знае колку е важно да се биде одговорен пред себе и кон другите, така што таа дава се од себе за да ве мотивира да станете поодговорни пред себе.

• Таа е оптимист и дури и кога сè изгледа лошо, таа секогаш ќе најде начин да ве убеди во спротивно и да ви докаже дека сè ќе биде во ред.

• Таа е емотивно стабилна, не е збунета и точно знае што сака од вас и вашата врска. Таа секогаш зборува отворено за сè, така што никогаш нема да бидете во дилема за тоа што навистина чувствува.

• Таа е дружељубива и непосредна, одлично е прифатена од сите во вашата околина и во нејзино друштво навистина се ужива. Тоа особено импресионира.

Добрата организација е нејзино второ име, така што никогаш не може да ви е здодевно, затоа што дури и во море на заеднички одговорности, таа успева да најде време каде што двајцата ќе направите нешто што досега не сте го направиле!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>