Top
Магични зборови кои можат да ја подобрат врската

Магични зборови кои можат да ја подобрат врската

Сите знаеме дека постојат низа зборови кои можат да ги влошат односите меѓу партнерите и да ја нарушат врската. Но, постојат и такви зборови кои можат значително да ја зајакнат врската.

Те молам!
По извесно време партнерите забораваат да се почитуваат едни со други и ги забораваат најважните зборови со кои се изразува почит и пристојност. Затоа, трудете се колку е можно почесто да ги користите овие зборови.

Благодарам!
Овој збор ретко го користиме без оглед на тоа за кого станува збор. Но, токму со него ќе му покажете на вашиот партнер дека го почитувате и дека го цените тоа што тој го сторил за вас.

Навистина ми е жал!
Кога партнерите се подолго време заедно забораваат да кажат „Навистина ми е жал!“ во ситуации кога не се во право. Главно се случува да си пркосат едни со други и ретко го користат овој збор. Сега имате причина да го користите почесто.

Те сакам!
Иако тоа се подразбира, вашата врска ќе биде посилна кога ќе му кажете на партнерот „Те сакам!“.

Како?
На овој начин ќе започнете разговор со вашиот партнер и ќе се обидете да дознаете што мисли тој и како размислува. Многу е важно во секој однос да постои взаемна комуникација.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>