Постојат нешта со кои може да се подобри состојбата во спалната соба. Тие нешта претворете ги во заповeди и уживајте во незаборавна акција во кревет. Никако немојте да ги заборавите. Доволете си себеси, а и на својот партнер да уживате под чаршафите.
1. Засакајте го своето тело – Многу е важно сами да се прифатите какви што сте. Мажите сигурно нема да го нагласат вашиот голем задник или стриите на вашиот стомак. Ако не ги спомнете, нема ни да ги забележат.
2. Натерајте го да чека – Колку повеќе чека, толку повеќе ќе ве посакува. Играјте си со градникот, шепотете му на уво и не му дозволувајте да ве допре додека вие не посакате сами.
3. Дозволете да ве гледа – Мажите ги возбудува гледањето на женското тело. Искористете ги своите адути и направете претстава само за него.
4. Посветете внимание на неговите ерогени зони – Исто како жените, и мажите имаат повеќе од една ерогена зона, но често не им обрнуваме доволно внимание. Откријте ги и излудете го.
5. Пронајдете ја неговата Г-точка – За многумина не е едноставно, за некои е непријатно, но кога ќе ја пронајдете неговата Г-точка, тој ќе биде на седмо небо. Вреди да се обидете.
6. Изразете ги своите желби и потреби – Дајте му прецизни инструкции за тоа како да ве однесе „до небото и назад“. Задоволството ќе биде обострано.
7. Охрабрете го – И покрај фактот дека момците не се плашливи во сексот, помислата дека можеби нема да успеат да ве задоволат може да ги исплаши. Ласкајте му и уверете го дека тој навистина знае и може да направи сè што ќе посакате.
8. Направете го првиот чекор – Мажите често приговараат дека мораат тие да го направат првиот чекор. Изненадете го!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!