Top
utrinski

Започнете го денот со оргазам!

Водењето љубов во вечерните часови е убаво, но не чекајте да падне мрак за да се вовлечете во креветот. Наместо тоа, започнете го денот со оргазам и ќе видите колку поубав ќе биде тој.

Денот по утрото се познава
Според спроведено истражување луѓето кои практикуваат секс наутро, потоа во текот на целиот ден се чувствуваат поубаво. Со сексот се ослободува окситоцин, хормон кој што ги поттикнува чувствата за љубов и поврзаност. Сексологот Емили Морсе вели: „Тоа ве прави да бидете поврзани со партнерот и тие чувства можат да ве држат преку целиот ден, а тоа е нешто убаво“.

Ако сте уморни навечер…
Сигурно ви се случило да прескокнете секс пред спиење бидејќи едноставно не сте се чувствувале расположени и сте биле изморени? Брачниот живот понекогаш знае да биде поприлично напорен. Сексот поради заморот и обврските станува се поредок, а тоа се одразува и на брачниот живот. Во тој случај практикувајте секс наутро.

Сексот наутро е добар за здравјето
Сексот наутро и тоа кога не го очекувате е најубав начин да го започнете денот со насмевка. Додека се туширате, повикајте го партнерт да ви се придружи, а потоа направете го тоа набрзина. Додека подготвува кафе, изненадете ја. Добра поза за ваква ситуација е кога тој е од позади, а жената – малку наведната. Стручните лица не убедуваат дека сексот наутро го подобрува имунитетот. А има ли нешто попотребно од добар имунитет, кога сме во студената сезона и кога грипот и вирозите не демнеат од сите страни.

Наутро мажите издржуваат подолго
Ако сте се запрашле кога е вистинското време за секс, еве ви го и вистинскиот одговорот. Нивото на тестостеронот кај мажите е најголемо во раните утрински часови, што значи дека тие тогаш се подготвени за „работа“ и можат да издржат подолго. Според сексуалниот психолог Арлен Голдман „Мажите наутро имаат поголемо присуство на тестостеронот и затоа имаат повеќе енергија за секс и таа енергија им дозволува да издржат повеќе“. Зарем тоа не е тоа што сите го сакаме?




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *