Ти си тој што ми треба, а го немам.
Ти си тој што го сакам, а го немам.
Да, вака ми започнува секоја моја мисла.
Сè само за тебе.
Сè поради тебе.
И упорна сум, за жал.
Клише е кога ќе кажам дека сè ме потсетува на тебе, но навистина е така.
Проклето посакувам да не е.
Но е.
Шетам низ градот, и сè како да ми го говори твоето име.
Како секаде да е твојот лик.
Но, тебе те нема.
Ти си тука, живееш и постоиш.
Но за мене, те нема.
Не те гледам, ја немам таа привилегија.
А, постоиш баш во мене.
Те имам во секој здив, поглед, воздишка, насмевка, солза..
Живееш во мене, во некој дел од срцево те кријам.
И лажам дека те нема повеќе.
Се преправам, демек сеедно ми е.
Ех, да беше..
Колку ќе ми беше полесна секоја вечер, а сега тешко заспивам.
Колку ќе ми беше полесно секое утро, будејќи се, а да не помислам каде си?
Сè ќе беше едноставно и лесно.
Но сега сè е комплицирано.
И не сакам да помислам на тоа каков ќе ми беше животов да не се појавеше ти.
Бесцелно е, ти си насекаде.
И знаеш помислувам колку му е тешко на оние што имаат некој далеку, а знаат дека кога тогаш ќе им се врати..
А како ми е мене, кога си толку блиску а сепак толку далеку?!

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “За тебе” : Марија Степаноска
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
prekrasno