Top
par-karanica

За што најчесто се караат паровите?

Караниците најчесто не се случуваат поради самите проблеми, туку поради недостигот на комуникација помеѓу партнерите. Експертите за врски и брачните советници наведуваат неколку чести причини за кавги помеѓу паровите.

Посветеност
Посветеноста е честа тема околу која паровите може да се караат. Паровите се караат кога едната страна се чувствува попосветена од другата.

Поделба на работите
Проблемот настанува кога едната личност чувствува дека е задолжена за сè. Во оваа улога најчесто се жените. Меѓутоа, честопати се случува и мажите да работат повеќе, а за тоа да не добиваат никаква благодарност.

Социјалните мрежи
Многу парови, а особено младите, го имаат овој проблем. Едната страна честопати ѝ замеува на другите поради пречесто и предолго време поминато на социјалните мрежи. Проблемот е исто така и објавувањето одредени информации или фотографии кои можеби премногу откриваат за брачниот живот. Уште еден проблем е останувањето во контакт со бившите девојки или момчиња.

Пари
Кавгите околу парите обично доаѓаат подоцна во врските. Сосема е нормално едната страна повеќе да штеди, а другата да троши. И двете страни мислат дека се во право. Првиот чекор за разрешување на ова е разговорот. Доаѓањето на децата може да ги промени работите. Личноста која работи порано или подоцна го злоупотребува тоа.

Приоритети
Многу често се случува едната страна да ја става работата пред врската. Некои луѓе се зависни од работа, додека, пак други ѝ даваат приоритет на врската.

Заедничко време
Кога доаѓа првото дете, времето кое паровите го поминувале заедно се намалува. Тоа може тешко да ѝ падне на едната, или пак на двете страни. Затоа, многу е важно паровите да се трудат да ја одржуваат интимноста по доаѓањето на детето.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>