Top
par

За што најчесто се караат младите брачни парови?

Колку и да сакате да верувате во совршенство, сигурно сте свесни дека не е сè розово ниту во животот, ниту во бракот. Од моментот кога ќе кажете „ДА“, работите стануваат поинакви.

Покрај вашето, тука е и мислењето на вашиот сопруг, кое исто така треба да го почитувате. Затоа, неизбежно е да има конфликти, бидејќи првите години во брак, всушност, се периоди на прилагодување. Во тој период, треба да научите да го споделувате животот со некого, но и да останете верни на себе, што не е лесно. Ако мислите дека расправиите и недоразбирањата се присутни само во вашиот брак, можеби ќе бидете изненадени но треба да знаете дека 9 од 10 парови се караат токму за овие работи:

° Расправии околу времетраењето за подготовка за излегување. Можеби на партнерот му се потребни само 10 минути и останатите 15 минути додека ве чека за него се многу.
° Расправии за неспуштениот капак на вц школката, за расфрлениот веш или за растурената постелнина на креветот.
° Доколку тој сака да е климата постојано вклучена а на вас не ви е топло мора да најдете компромис…
° Расправија околу спиењето. Едниот партнер сака да спие повеќе, другиот е ранобудник дури и за викенди.
° Расправија околу светлото во спалната соба.

Ова се толку банални расправии а сепак се расправии за кои мора да се најде компромис и да се разговара. Поделете ги обврските во домот, прилагодете се еден на друг, што поскоро тоа подобро за двајцата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>