Top
najdobar-prijatel

Врска со најдобриот пријател: Да или не?

Дел од експертите велат дека започнување на врска со вашиот најдобар пријател е клучот за пронаоѓање на сродна душа за долг и среќен живот, додека други велат дека ова е најголемата грешка што можете да ја направите затоа што губите еден од најважните луѓе во вашиот живот. Која е вистинската одлука? Прочитајте на што треба да размислите пред да одлучите емоционално и физички да му се предадете на пријателот.

Сексот менува сѐ
Дали некогаш сте се сретнале со човек кој едноставно бил неодоливо привлечен за вас, но во кревет сосема друга приказна? Можете ли да го замислите најдобариот пријател во таа ситуација? Дали сте сигурни дека можете да „направите“ вакви работи без непријатности? Исто така, не заборавајте дека „привилегираните пријатели“ ретко завршуваат повторно како пријатели.

Постои можност да го изгубите засекогаш
Ако веќе некогаш сте изгубиле пријател веројатно знаете колку е тешко. Ако го промените пријателскиот однос и започнете љубовна врска огромни се шансите после тоа никогаш повеќе да не можете да го гледате како пријател ако врската не ви успее.

Тој премногу знае за вас
Колку и да ве сфаќа и поддржува во се додека ви е пријател, потоа работите ќе се сменат. Ни вие немате ист однос со партнерот и со пријателите. Некои работи од минатото не можете да ги избришете од неговиот ум.

Во иднина нема да имате најдобар пријател
Ако најдобриот пријател ви стане партнер на кого ќе му ги кажувате проблемите кои ги имате во врската?




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>