Top
apstiniranje

Добри и лоши страни на воздржувањето од секс

Апстинирањето е секс е одлична превенција од полово преносливи болести и од несакана бременост, но има и други предности. Некои луѓе се воздржуваат и од допири, додека други пак само од секс. Паровите кои апстинираат од секс повеќе ги ценат и обичните допири и повеќе се трудат да се поврзат со партнерот. Тоа е можност да се насочат кон друг начин на уживање и да го истражат секој дел од телото на својот партнер, но без секс.

Од повремено воздржување од секс најмногу придобивки имаат жените кои ретко постигнуваат оргазам во текот на сексот. Тие мастурбирајќи сами учат што ги возбудува и која точка од нивното тело е клучна за врвен оргазам. На тој начин го запознаваат своето тело, а го избегнуваат притисокот на партнерот дали се приближуваат кон оргазам. Со тоа ја зголемуваат шансата да постигнат оргазам и со партнерот.

Воздржувањето од секс има и негативни страни. Колку поретко луѓето се впуштаат во сексуалните игри, толку поретко посакуваат секс. Поради тоа може и да се чувствуваат помалку посакувани, што влијае на нивната самодоверба. Освен тоа, апстиненцијата може да предизвика и сексуална фрустрација. Тоа се случува посебно во оние случаи кога партнерите се воздржуваат од овој чин поради нерешни проблеми во врската. Партнерите поради тоа после извесен период се оддалечуваат.

Сексот ги зближува партнерите и на емоционално ниво. Партнерите се чувствуваат поблиски во текот на сексот, а за тоа е виновен окситоцинот, хормон кој мозокот го испушта за време на тој чин. Овој хормон ја намалува желбата за одбрана, поради што парнерите полесно се отвораат. Поради него, жените полесно се вљубуваат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>