Top
Slika-za-seks-iLike-mk

Во сексот не смеете да бидете себични!

Некои жени не знаат да изразат желба кога е во прашање сексот, а некои пак тоа редовно го практикуваат, па понекогаш дури и инсистираат да биде се како што сакаат и делуваат себично. Мoжеби ќе се препознаете во некоја од наведените навики.

Се фокусирате само на оргазам
Оргазмот е цел на секој сексуален однос, но ако премногу се фокусирате на него ќе заборавите на целиот процес кој доведува до таа цел. Поврзувањето со партнерот, играта, опуштањето и покажувањето љубов, исто така се важен дел од сексот, на кој во никој случај не смеете да заборавите.

Не се препуштате
Секој секс е поинаков од претходниот. Доколку не се препуштите на ритамот и на чувствата, и тежнеете само кон рутината која загарантирано ќе ве доведе до оргазам, тогаш сте себични. Сексот би требало да биде исполнет со нови нешта. Многу чест е и случајот мажите да сакаат да експериментираат, додека жените тоа го одбиваат. Понекогаш треба да ризикувате и со секс кој ви се чини необичен, бидејќи тоа може да ве доведе до уште убаво и повозбудливо искуство.

Го брзате
Сексот не е натпреварување, но многу жени сакаат што побрзо да преминат на оние движења кои ќе ги доведат до оргазам. Наместо да брзате, уживајте, движете се бавно и истражувајте. Секогаш ќе можете да се префрлите на старата рутина која ви е омилена. На тој начин и вие и вашиот партнер ќе сте задоволни и ќе уживате.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>