Top
seks

Вистини и лаги за сексот

Сексот е најубавото телесно задоволство за кое и не се потребни многу зборови. Она што треба да направите е да се препуштите на страста и чувствата и да уживате.

Машкиот полов огран е најдобриот „алат“ за женски оргазам
Лага. 81% од оргазмите кај жената се случуваат како резултат на оралниот секс. Во извесни пози жените не можат да дојдат до оргазам, без оглед на големината и техниката на „алатот“.

Врвот во сексуалноста жените го имаат на 28, а мажите на 18 години
Вистина. Постојат исклучоци, но најчесто нивото на естроген е највисок во доцните 20-ти години во животот, додека нивото на машкиот хормон тестерон е најголем во тинејџерските денови.

Во просек мажите можат да издржат 10 минути пред да постигнат оргазам
Лага. Мажите во просек можат да издржат без оргазам 4-5 минути. Повеќе од тоа се смета за надпросечен.

Жените не сакаат порно филмови
Лага. На жените им се потребни неколку минути гледање на порно филмови за да се возбудат, но за разлика од мажите за нив повозбудлив е воведот и предиграта, отколку самиот сексуален чин во филмот.

Сонцето го зголемува сексуалниот нагон кај мажите
Вистина. Еден час поминат на сонце може да го зголеми сексуалниот нагон кај мажите за дури 70%, но и да предизвика и силна реакција кај жените.

Сексот во бракот со годините станува полош
Лага. Брачните парови се многу позадоволни од сексуалниот живот од оние кои не се во врска. Освен што се слободни и знаат што ги задоволува, паровите во бракот често водат љубов.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *