Одредена доза на хумор секогаш е добродојдена. Иако најчести теми за шеги се русокоси, свекрви или општо за жените, во продолжение ќе прочитате неколку вицови за мажи кои ги измислиле жени. Тие немаат навредлива содржина, а ќе донесат насмевка на вашето лице.
- Немојте да мислите дека можете нешто да промените кај мажот, освен ако носи пелени.
- Секогаш избирајте помлади мажи. Мажите и онака не созреваат.
- Не е вистина дека жените прават будали од мажите. Повеќето мажи може да се пофалат со мотото „Направи сам“.
- Што имаат заедничко годишнината од брак и шолјата во тоалетот? Мажите секогаш ги промашуваат.
- Кој е единствениот начин мажот да го запамети датумот од годишнината на бракот? Венчајте се на неговиот роденден.
- Ако мажите имаа циклус ќе се фалеа со големината на тампонот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!