Top
iLike.mk_zensko masko prijatelstvo

Вечна дилема: Дали е можно пријателство помеѓу маж и жена?

Постои вечна дилема кога станува збор за тоа дали е можно или не е можно пријателство помеѓу мажи и жена. Во основа, постојат два видови на машко-женски пријателства.

Првиот тип на пријателство е она при кое машкото и женското воопшто не се привлекуваат сексуално еден со друг. Вториот тип се пријатели кои некогаш одамна можеби имале некаква поврзаност, но сепак заклучиле дека едноставно не функционираат како љубовен пар и останале пријатели.

На оние кои никогаш не биле во таков однос (во машко-женска пријателска врска), тешко им е да сфатат дека секс навистина нема. Причината за тоа е едноставна, односно ваквие пријателства се асексуални (без секс). Како што девојката не сака да има интимни односи со друга девојка, така не сака ни со пријателот.

Многумина не веруваат во овој тип на пријателство, но едноставно постојат личности кои се способни да развијат пријателство со спротивниот пол и да останат на тоа.
Втората категорија се оние луѓе кои сметаат дека поврзаноста со спротивниот пол задолжително вклучува врска и секс. Секој избира свој начин на пријателство и пријателски односи и треба да се почитува.

Доколку вие се гледате себе си во втората категорија, а вашиот пријател во првата или пак обратно, може да дојде до проблеми кои воглавно ќе си ги направите само во својата глава. Ќе размислувате што прават кога се сами, каде одат, со кого излегуваат? И штом ќе почнете со пререкување настануваат проблеми.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *