Top
Утринскиот секс е чувар на младоста

Утринскиот секс е чувар на младоста

Велат утринскиот секс е чувар на младоста, но и сојузник на доброто здравје. Освен тоа, го подобрува имунитетот, влијае врз расположението, ја зајакнува косата и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Повеќе од 58% од паровите водат љубов помеѓу 23-01 часот. Сепак, утрото е попаметно од вечерта, бидејќи токму утринскиот секс иницира интимност и емоционална блискост. Бројни студии покажуваат дека го подобрува расположението на луѓето поуспешно и од обилен појадок или пак шолја кафе. Причина за тоа е поголемото лачење на хормонот серотонин после оргазам, кој делува како антидепресив на мозокот.

  • Ја зголемува плодноста
    Редовниот утрински секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста кај жените. Според студија спроведена на Клиниката за вештачко оплодување во Сиднеј, редовната утринска ејакулација го подобрува квалитетот на спермата за 12%, што ја зголемува можноста за успешно оплодување.
  • Го чисти тенот и за зајакнува косата
    Оргазмот после утринскиот секс предизвикува зголемување на нивото на естроген. Поради тоа доаѓа до подобрување на циркулацијата и намалување на нивото на тестостерон, што влијае врз кожата и косата.
  • Го намалува ризикот од срцеви заболувања
    Редовниот утрински секс, неколку пати неделно, го штити здравјето на срцето, особено кај машкиот пол. Ова го покажуваат резултатите на една 10-годишна студија на Белфаст, која била спроведена на повеќе од 1000 луѓе. Освен што претставува добра вежба за телото, утринскиот секс го намалува нивото на хормонот на стрес – кортизол, кој го зголемува ризикот од инфаркт.
  • Го зајакнува имунитетот
    Производството на имуноглобулинот А е најголемо за време на утрински секс. ИгА се антитела кои го штитат организмот од инфекции. Луѓето кои водат љубов наутро имаат 30% повисоко ниво на ИгА во крвта.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>